Новиот француски премиер ја призна тежината на буџетската ситуација
Новиот француски премиер, центристот Франсоа Бајру, денеска изјави дека е свесен за тежината на политичката и буџетската ситуација во земјата додека ја преземаше функцијата од неговиот претходник Мишел Барние.
– Знам сè за Хималаите кои се пред нас, рече Бајру во палатата Матињон, седиштето на француската Влада.
Дефицитот на Франција, втората по големина економија во еврозоната, достигнува 6,1 отсто од бруто домашниот производ (БДП), а нејзиниот долг, на кој каматата изнесува 60 милијарди евра годишно, „е прашање што претставува морален проблем, не само финансиски“, рече Бајру.
Новиот француски премиер има задача да го обезбеди буџетот за следната година, без мнозинство во парламентот, кој пред неколку дена гласаше против Барние