Новиот министер за култура дочекува гости со албанско знаме
Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, денеска го пречека амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, а на масата за официјалната средба беше поставено и знаме на Албанија.

Според важечката законска рамка, во централните државни институции не се истакнуваат знамиња на етничките заедници. Законот предвидува дека во објектите на Владата, Собранието, министерствата, судовите и другите државни органи официјално се истакнува државното знаме на Република Северна Македонија.
Правото на официјално и постојано истакнување на знамињата на заедниците е ограничено и се однесува исклучиво на единиците на локалната самоуправа, односно општините, под условите утврдени со Законот за употреба на знамињата на заедниците.
Како исклучок, во министерствата и другите државни институции може да бидат истакнати знамиња на странски држави за време на официјални билатерални средби, како и знамиња на меѓународни организации, како Европската Унија или НАТО. Сепак, законската рамка не предвидува употреба на етнички знамиња на заедниците во службените простории на централните институции.






