Новиот сириски лидер Ал Шара смета дека христијаните се суштински дел од сириското општество
Новиот сириски лидер Ахмед Хусеин ал Шара за време на средбата со викарот на Кустодијата на Светата земја Ибрахим Фалтас во Дамаск, го изрази своето воодушевување од папата Франциск, нагласувајќи дека ги смета христијаните за суштински дел од сириското општество, објави денеска ватиканскиот весник „Осерваторе Романо“.
Фалтас објави дека Ал Шара му рекол дека сириските христијани не ги смета за малцинство, туку „составен и важен дел од историјата на сирискиот народ“.
Новиот сириски лидер изрази и големо восхитување и почит кон папата Франциск, истакнувајќи дека ги почитува неговите напори и активности во насока на постигнување мир и помагање на луѓето кои имаат потреба, пренесе италијанската новинска агенцијаа АНСА