Новите 24 случаи со Ковид-19 во Скопје се од општините Бутел, Сарај, Чаир, Аеродром, Студеничани, Гази Баба, Шуто Оризари, Кисела Вода и Карпош

 Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје.

Како што информираа за МИА од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје 24-те заболени во Скопје се од Бутел-4, Сарај-7, Чаир-3, Аеродром-3,Студеничани-2,Гази Баба-1, Шуто Оризари-2, Кисела Вода-1 и Карпош-1.

Back to top button
Close