Новите видеа од клубот Пулс влегуваат во обвинителските досиеа

Чад метеж и повици за излегување. Ова може да се забележи на најновото видео од кобната ноќ во кочанската дискотека Пулс кое се појави во јавноста. Од обвинителството велат дека сите снимки поврзани со трагедијата од Кочани ќе бидат дел од доказниот материјал.

И оние од камерите од околините објекти и оние објавени на социјалните мрежи ќе се анализираат низ истрагата за лоцирање на причините и одговорноста за пожарот во кој животот го загубија 59 мина а над 190 беа повредени. Истражните дејствија продолжуваат и денеска но конкретните чекори на обвинителите не се објавуваат.

Изминатите денови се вршеа претреси во домот на Дејан Јованов Деко, неговиот автомобил и два угостителски објекти, дискотеката „Пулс“ и кафе барот Класик како и во канцеларија на Државен пазарен инспекторат во Кочани поврзани со документација за неговите фирми. (повеќе)

Back to top button
Close