Ново понижување за Манчестер јунајтед во Премиер лигата
Фудбалерите на Манчестер јунајтед го претрпе вечерва седмиот пораз сезонава во Премиер лигата, откако загуби на домашен терен од Борнмут со 3:0, во натпреварот од 17. коло на англиската Премиер лига.
Стрелци за Бурнмаут беа Дин Хојсен во 29., Џастин Клајверт од пенал во 61. и Антоан Семењо во 63. минута.
Борнмут е петти на табелата со 28 бодови, а Јунајтед е на 13. место со 22 бодови.
Фудбалерите на Челзи, пак, не успеаја барем за неколку часови да го запоседнат врвот на табелата, откако не успеаја да го совладаа Евертон на гостински терен, одигрувајќи без голови.
Челзи е на второто место со 35 бодови, еден помалку и два одиграни натпревари повеќе од првопласираниот Ливерпул. Евертон е на 15. позиција со 16 бодови.
Во другите натпревари Вулверхемптон го победи Лестер со 3:0 на гостински терен, додека Фулам и Саутемптон одиграа нерешено 0:0 во Лондон