Ново живеалиште за фламинга во Зоолошка градина Скопје

 Во скопската Зоолошка градина денеска ќе биде отворено новото живеалиште за фламинга, проект реализиран со поддршка на Град Скопје..

Од Зоолошката градина велат дека станува збор за едно од најубавите живеалишта за овие егзотични птици во Југоисточна Европа. Опфаќа внатрешен дел (40м2) и надворешен дел (120м2), со тераса за набљудување. Живеалиштето претставува мала лагуна со многу зеленило, базен за фламингата, како и посебен дел за хранење на птиците.

Живеалиштето за фламинга е финансирано од Градот Скопје, а веднаш до него при крај со изработка е и новото живеалиште за пингвини кое ќе биде отворено во текот на летото.

Back to top button
Close