Новоматик Македонија – нов спонзор на Фудбалската Федерација на Македонија
Новоматик Македонија станува дел од тимот на Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) како нов официјален спонзор.
Соработката меѓу Новоматик Македонија, во чија групација се светските брендови Адмирал, Астра и Казино Фламинго, и ФФМ беше објавена на свечен настан на кој што присуствуваше генералниот директор на компанијата, Александар Симовиќ, менаџментот на компаниите во рамки на Новоматик Македонија групацијата, како и највисокото раководство на Федерацијата.
Станува збор за двегодишен спонзорски договор во вкупна вредност од 1 милион евра, со кој Новоматик Македонија го зацврстува своето долгогодишно залагање за поддршка на македонскиот спорт.
„Нашата посветеност кон спортот, заедницата и младите е од суштинско значење за Новоматик Македонија. Вложувањето во спортски проекти не е само дел од нашата стратегија за корпоративна одговорност, туку и искрена желба да придонесеме за развојот на македонскиот фудбал. Уверени сме дека ова партнерство ќе донесе позитивни резултати и ќе ги мотивира сегашните и идните генерации фудбалери,“ изјави Марија Митреска, претставник на Новоматик Македонија.
ФФМ го поздрави партнерството со Новоматик Македонија како значајна поддршка за македонскиот фудбал. Во својот говор, претседателот на ФФМ, Масер Омерагиќ изрази посебна благодарност до генералниот директорот на Новоматик, Симовиќ како и сите во компанијата.
„Горди сме што добиваме партнер кој отсекогаш ги поддржува спортските проекти и компанија со општествена одговорност кон фудбалот пред сѐ, но позната и по својата поддршка на заедницата. Оваа соработка не е само спонзорство. Тоа е спој на заеднички амбиции и взаемна желба да се постигне нов резултат за македонски спортски успеси. Ова партнерство е доказ за нашата посветеност, нови можности за нашиот тим и нашите навивачи“, истакна во својот говор, претседателот на Федерацијата, Омерагиќ.
Ова партнерство со ФФМ е уште еден значаен чекор напред во мисијата на Новоматик Македонија за поддршка и унапредување на македонскиот спорт.
Покрај овој договор, компанијата веќе долг период инвестира во македонскиот спорт, поддржувајќи фудбалски, кошаркарски и ракометни клубови, како и индивидуални спортисти. Истовремено, Новоматик Македонија активно донира во јавното здравство, образованието и културните иницијативи, со што ја зацврстува својата улога како општествено одговорен партнер.