Новото „Ел Класико“ на 19 март во Барселона


Натпреварот од 26. коло во шпанската фудбалска Ла Лига меѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се игра на 19 март со почеток од 21 часот на „Камп Ноу“, соопштено е од натпреварувањето.

Фудбалерите на Реал ја победија Барселона со 3-1 во 250. „Ел Класико“, кое се одигра на 16 октомври лани во Мадрид.

Барселона и Реал во меѓувреме се сретнаа во финалето на Суперкупот на Шпанија на 15 јануари, кога каталонскиот клуб триумфираше со идентични 3-1.

Барселона е првопласирана на табелата во Ла Лига со 59 бодови, осум повеќе од второпласираниот Реал на 16 кола до крајот на сезоната

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close