НСУВМК загрижени поради ставот на Министерството за правда за колективниот договор

Независниот синдикат на Управата за водење на матичните книги изрази загриженост поради ставот на Министерството за правда дека колективниот договор е незаконски и надвор од рамки на Законот за административни службеници.

Потенцираат дека штрајкот е последица на, како што велат, предолгото туркање под маса на проблемите на вработените.

-Министерството за правда, одговорните лица од Управата за водење на матичните книги, преставници од синдакот и од редот на вработените се вклучени во сите работни состаноци кои Синдикатот ги одржа во врска со потпишувањето на колективниот договор. Ние можеме да се бориме само во рамки на Законот. Овие работни состаноци траат со години и не се предложени никакви конкретни чекори во врска со колективниот договор, за да се пристапи кон потпишување на истиот согласно позитивните законски процедури. Штрајкот е последица токму на предолгото туркање под маса на проблемите на вработените, велат од Синдикатот.

Според синдикатот, 70 проценти од вработените во Управата за водење на матичните книги земаат плата под минималната.

Барањата на синдикатот се донесување на колективен договор на ниво на работодавач, контиунирани обуки и систем на унапредување на вработените, усогласување на платите согласно покачувањето на миниминалната плата и линеарно покачување на платите на сите вработени во Управата.

Back to top button
Close