Џо Бајден со колумна за Врховниот суд: Во Америка никој не е над законот
По откажувањето од кандидатура за иден претседател на САД, Бајден се обрати до нацијата преку колумна. Тој посочи дека го издигнал законот како единствен кој е составен од народот и од никој друг. Според него „Никој не е над законот, ни претседателот на САД, ниту правдата донесена во Врховниот суд, никој“, пишува во неговата колумна објавена во угледниот „Вашингтон пост“.
Тој ја прокоментира одлуката на Врховниот суд донесена на почекот на месецот која ќе им даде на претседателите поголем имунитет во извршување или неизвршување на злосторства за време на нивната претседателска функција. Единствените граници ќе бидат оние што се самонаметнати од страна на лицето што раководи со Овалната соба. Според Бајден, можно е да има правни последици ако идниот претседател поттикне насилна толпа да упадне во Капитол и да спречи мирно предавање на власта како што тоа беше на 6 јануари, 2021 година.
Поради опасните и екстремни одлуки кои ги поништуваат постоечките правни преседани – вклучително и Ро против Вејд – судот, според Бајден, е заглавен во етичка криза. Бројните скандали со неколкуте судии ја натераа јавноста да ја доведе до прашање правичноста и независноста на судот кои се од суштинско значење за извршување на неговата мисија за еднаква правда според законот.
Бајден коментира дека судот покрена низа прашања за неговата непристрасност поради бројните скандали како што се необјавените подароци за судиите од поединци со интереси во случаите пред судот, како и судирите на интереси поврзани со бунтовниците од 6 јануари во 2021 година. Потенцираше дека има 36 годишно искуство како сенатор, но и како претседател и рангиран член на Судскиот комитет.
„Сум надгледувал повеќе номинации на Врховниот суд како сенатор, потпретседател и претседател отколку сите што се живи денес. Имам голема почит кон нашите институции и поделбата на власта“, вели Бајден. Сепак, според него, „она што се случува сега не е нормално и ја поткопува довербата на јавноста преку одлуките кои судот ги донесува, вклучително и оние кои влијаат на личните слободи“.
Тој во текстот потенцира дека САД се наоѓа во услови каде демократијата на институциите е под зголемени закани. Поради ваквата ситуација тој предложи три реформи за враќање на довербата и одговорноста пред судот и американската демократија.
Бајден побара најпрво уставен амандман наречен „Никој не е над законот“ каде јасно се става до знаење дека нема имунитет за злосторствата што ги направил поранешен претседател додека бил на функцијата. Тој верува дека основачите на САД биле јасни дека функцијата на претседателот е ограничена, а не апсолутна. Тој потенцираше дека Американците се „нација на закони, а не на кралеви или диктатори“. Бајден потенцираше дека има ограничување на мандатот за претседатели скоро 75 години, па посочи дека треба да има ограничување и за судиите во Врховниот суд. Соединетите Држави се единствената голема уставна демократија која им дава доживотен мандат на членовите на Врховниот суд.
Според него, ограничувањата на мандатот би помогнале да се осигура дека членството на судот се менува со одредена регуларност. Тоа би го направило тајмингот за судските номинации попредвидлив. Со би се намалиле шансите со секое поединечно претседателство радикално да се менува составот на судот.
„Поддржувам систем во кој претседателот на секои две години би назначувал судија да поминува 18 години во активна служба во Врховниот суд“, пишува Бајден.
Како за крај тој повикува на обврзувачки кодекс на однесувањето на Врховниот суд. Тој вели оти сегашниот доброволен етички кодекс на судот е слаб и сам се спроведува. Од судиите треба да се бара да ги обелоденат подароците, да се воздржуваат од јавни политички активности и да се изземат од случаи во кои тие или нивните сопружници имаат финансиски или друг конфликт на интереси.
„Сите останати федерални судии се обврзани со применлив кодекс на однесување и нема причина Врховниот суд да биде изземен“, посочи претседателот Бајден.
Сите три од овие реформи се поддржани од мнозинството Американци – како и од конзервативните и либералните уставни научници. Тој се заблагодари на двопартиската претседателска комисија за Врховниот суд на Соединетите Држави за нејзината остроумна анализа, која информираше за некои од овие предлози.
Како за крај Бајден напиша дека „Можеме и мораме да спречиме злоупотреба на претседателската моќ. Можеме и мораме да ја вратиме вербата на јавноста во Врховниот суд. Можеме и мораме да ги зајакнеме заштитните огради на демократијата. Во Америка никој не е над законот. Во Америка владее народот“.(мета)