Мерц: И покрај катастрофалниот резултат за ЦДУ, останувам на функцијата

Германскиот канцелар Фридрих Мерц соопшти дека останува на функцијата и покрај тешките резултати за неговата Христијанско-демократска унија (ЦДУ) на покраинските избори во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија, пренесува Би-би-си.
Во Мекленбург-Западна Померанија, според излезните анкети, крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) освои околу 38 отсто од гласовите, додека Социјалдемократската партија (СПД) беше на околу 36 отсто. ЦДУ се движи на околу пет отсто, со што се најде на прагот на влез во покраинскиот парламент.
Во Берлин, според проекциите на германскиот јавен сервис ЗДФ, Левица води со речиси 26 отсто, пред ЦДУ со околу 20 отсто.
Резултатот во Мекленбург-Западна Померанија Мерц го нарече „катастрофа“ за неговата партија, но порача дека нема намера да се повлече и дека ќе продолжи со плановите на коалициската влада за економски, даночни и социјални реформи.
„Реформите мора да се случат. Ја преземам оваа одговорност, бидејќи сакам да ја придвижам нашата земја напред“, изјави Мерц.
Посочи дека реформите ги гледа како одговор на, како што рече, „авторитарниот отров“ кој навлегува во германското општество.






