ОЈО и МВР во акција: Се истражува дали на протестите против „Безбеден град“ имало поттикнување омраза и насилство
Јавното обвинителство, во тесна соработка со МВР, отвори истрага за случувањата на неодамнешните протести против проектот „Безбеден град“, по серијата наводи за закани кон полициски службеници.

Веќе се дадени насоки да се испита дали говорот и однесувањето на учесниците ги исполнуваат елементите за тешки кривични дела против државата и јавниот ред.
Фокусот на истрагата е ставен на евентуално прекршување на два конкретни членови од Кривичниот законик:
„Јавното обвинителство во координација со МВР презема соодветни мерки и активности. Дадени се насоки за испитување на евентуални елементи на кривични дела од чл.319 и чл.387 од Кривичниот законик, како и евентуално други дела кои се гонат по службена должност. Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело, соодветно надлежните јавни обвинителства ќе постапат, информираат од обвинителството.





