Објавен третиот дел од документите за милијардерот педофил Епштајн: Покрај Бил Клинтон се споменува и неговата сопруга Хилари

Објавен е третиот дел од документите од тужбата против Џефри Епштајн, милијардерот педофил кој почина во затвор пред да се соочи со обвинението за сексуална трговија со малолетнички.

Во изминатите два дена беа објавени првите два дела од документите во кои се споменуваат многу познати имиња, но главно ниту еден од нив не направил ништо инкриминирачко.

Документите се дел од граѓанската тужба за клевета од 2015 година, поднесена од Вирџинија Роберт Џуфре, Американка која тврдеше дека Епштајн сексуално ја злоставувал како малолетна и дека му помогнала неговата асистентка Максвел.

Севкупно, документите, вклучително и материјалот што допрва треба да биде обелоденет, се очекува да содржи речиси 200 имиња, вклучително и некои од тужителите на Епштајн, истакнати бизнисмени и политичари.

На списокот на луѓе со кои Џефри Епштајн бил во контакт се најде и Харви Вајнстин, поранешниот холивудски филмски магнат кој отслужува 23-годишна затворска казна за силување.

Во најновиот пакет документи покрај поранешниот американски претседател Бил Клинтон, се споменува и неговата сопруга Хилари

Back to top button
Close