Објавена снимка пред нападот во Тексас, познат идентитетот на напаѓачот кој застрела 19 деца (ВИДЕО

Вооружен напаѓач уби 18 деца и наставник во основно училиште во Увалде, Јужен Тексас, објави гувернерот Грег Абот, пренесоа АФП и Ројтерс.

Напаѓачот „уби, на суров и луд начин, 18 ученици и наставници“, изјави Грег Абот.

Осомничениот, 18-годишниот Салвадор Рамос, исто така беше убиен од полицијата во трагедијата во основното училиште Роб, 130 километри од градот Сан Антонио.

“Тој излегол од возилото. Имал пиштол и најверојатно пушка. Живеел во Увалде, Тексас. Го убиле полицајци кои дошле на местото на настанот”, рекол гувернерот. Пред нападот на училиштето ја убил и својата баба.

 

 

 

Back to top button
Close