Обид за грабеж во обложувалница во Центар: Вработен избоден и пренесен во Ургентен
Вработен во обложувалница во центарот на Скопје вечерва бил избоден со нож при обид за грабеж, дознава „Скопје1“.

Според првичните информации, нападот се случил во објект во Центар, а повредениот вработен по инцидентот бил преземен од екипа на Итната медицинска помош и пренесен во Ургентниот центар.
На местото има засилено полициско присуство, а се преземаат мерки за обезбедување на просторот и расчистување на случајот.
Засега нема официјални информации за тежината на повредите на вработениот, ниту дали напаѓачот е идентификуван или приведен.






