Обвинетите дошле еден час порано со “ситроенот” на Жежовски – ја чекале Вања да излезе за да ја грабнат

На продолжението на судскиот процес за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се презентираа снимки од 27.11.2023 година од автомобилот „ситроен” на тогаш веќе убиениот Панче од Велес, еден час пред грабнувањето на Вања, како врти кон зградата во која живее таа, пренесе СДК.

Осум видеа се презентираа. Три снимки беа обезбедени од хотелот „Сити Парк“ во близина на зградата, каде што живееше Вања Ѓорчевска. Камерите се поставени на хотелот, кон паркингот, т.е. гледаат кон зградата.

Реалното време на снимките од хотелот е 6.37 часот. Во видеото од еден час, во неколку секунди се виде како поминува „ситроен“ покрај хотелот Сити Парк и врти надесно.

И на другото видео, од друга камера исто така од хотелот „Сити Парк“ и од истиот паркинг, се гледа како во 6.37 часот возилото „ситроен“ веќе свртува во десно, подзапира и потоа продолжува со движење право по паркингот, кон зградата на убиеното дете. На крајот на паркингот е зградата на Вања.

Во третото видео се гледа како „ситроенот“ врти токму на аголот на свртување кон зградата на Вања.

Повеќе

Back to top button
Close