Обвинителство: Утре се очекуваат резултатите од испитувањата на водата од гостиварскиот водовод

Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализи и испитувања на квалитетот на примероците од водата од гостиварскиот водовод, а резултатите се очекува да бидат готови утре за да се утврди натамошниот тек на постапката, информираат од Обвинителството.
-Според најавите, резултатите треба да бидат доставени до надлежното обвинителство утре, по што ќе биде донесена одлука за понатамошното постапување. За исходот и натамошните чекори, јавноста ќе биде дополнително известена – посочуваат од таму.
Во меѓувреме, по наредба на јавен обвинител, локацијата во Вруток и натаму е обезбедена, наведуваат од ЈОРСМ






