Од 6 – 20 август он-лајн базар на рачни творби во рамки на проектот „Креативноста на дело”

 Институтот Креативна Македонија информира дека од 6 – 20 август се одржува он-лајн базар на рачни творби во рамките на проектот „Креативноста на дело” и сите посетители ќе можат да ги погледнат делата на искусни мајстори.

-Ве покануваме да го посетите нашиот он-лајн базар, на кој ќе може да си одберете и купите она што ви се допаѓа , за вас и вашите најблиски, од безбедноста на вашиот дом, велат од „Креативна Македонија“.

Он-лајн базарот може да го посетите на следниов лнк :
https://esnaf.eu/mk/bazar/

Од Институтот известуваат дека во јули бил спроведен проектот „Креативноста на дело”, со кој на интерактивен начин била доближена креативната дејност до пошироката јавност. На четири он-лајн работилници се изучувале традиционалните занаети: срма, ќостек, плетење како и веќе одомаќинетиот занает за изработка на накит и декоративни елементи, фимо.

-Проектот беше одлична можност за учење нови креативни вештини кои покрај добро хоби може да бидат и основа за самовработување и можност за одржлив професионален ангажман. Од страна на „PrimePoint Partners” беше спроведена и обука за комуникација, лидерство и претприемништво што е дополнителна можност за професионален напредок и себе унапредување, соопштуваат од Институтот Креативна Македонија.

Промотивната кампања за проектот „Креативноста на дело“ беше поддржана од Град Скопје.

Back to top button
Close