Од денеска екипа на спасувачи на Дебарското Езеро

Денеска на плажата на Дебарското езеро која ја посетуваа голем број на млади , стартуваше активноста на екипа спасувачи кои се обезбедени со средства на иселениците од Дебар во САД.

И покрај тоа што живееме во време на пандемија , сепак младите деновиве се редовни посетители на брегот на Дебарското езеро и се расладуваат во водите на езерото. Со цел да се даде целосна заштита на младите кои се рекреираат во водите на езерото стартуваше екипата на спасувачи кои претходно се обучени од страна на општинската организација на Црвениот крст.

Претседателот на здружението на дебарските иселеници во САД ,,Дибра ,, Дашнор Мифтари информираше дека оваа екипа на спасувачи која започна да работи во летниот период од 2о17 година, и оваа лето е ангажирана за да ги обезбедува младите . Поставени се две извиднички места за спасувачите . Дебарските невладини здруженија ја поздравија оваа активноста на иселниците и Црвениот крст и се убедени дека безбедноста на капачите е максимална .

Во САД живеат над 14 илјади иселници од дебарско и татковинското здружение ,,Дибра,, реализира бројни проекти во интерес на Дебар. Оваа е само еден проект за безбедно рекреирање на младите во татковината вели претседателот на здружението Дашнор Мифтари.

КМ.

Back to top button
Close