Од денеска започнува реализацијата на договорот за изградба на Коридорите 8 и 10-д

Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека од денеска започнува реализацијата на Договорот за изградба на Коридорите 8 и 10-д.

Според договорот, од денеска започнуваат подготвителни работи, снимање на теренот, подоготовка на урбанистички проекти, основни проекти, со цел да се отпочнат и постапките за експропријација и проектирање.

Паралелно со ова започнува мобилизација на персонал за работа, подготовка на локации за поставување на кампови за градежната оператива, анализа на трасата и можни дислокации на подземни и надземни инсталации, подготовка на постапки за вршење на геотехнички истраги.

Изградбата на Коридорите 8 и 10-д е од стратешки интерес за државата. Со реализација на овој најголем инфраструктурен проект се заокружува коридорското автопатското поврзување на Република Северна Македонија со Европа и со регионот. Тоа значи полесно движење на стоки, услуги и капитал, но и најважно безбедно одвивање на сообраќајот, се наведува во соопштението од Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Српската премеирка Ана Брнабиќ при денешната посетата на Јужна Србија и Пчинскиот огруг, говорејќи за развојните проекти во инфраструктурата што треба да се реализираат во наредниот период, и

ЈПДП во вчерашното соопштение за изградбата на коридорите, ангажманот на работниците и договорот со „Бехтел и Енка“, посочува дека ангажирањето на работна сила за изградба на Коридорот 8 и Коридирот 10-д ќе се реализира согласно постоечкиот закон, односно, согласно Законот за утврдување јавен интерес, за номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10, донесен во 2021 година, а објавен во Службен весник на 16 јули истата година (бр.163).
– Во член 11, став (3), каде се регулира ангажманот на работници јасно стои обврската, стратешкиот партнер да користи најмалку 51% од локални ресурси. Ова значи, дека ако нашата земја има доволно локални ресурси, односно работна сила, бројот на локално ангажираните ресурси може да биде и поголем од 51%, информира ЈПДП.
За Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д, пак, се наведува дека е склучен согласно посточките законските одредби.
– Сите договори коишто се дел од работата на Јавното претпријатие за државни патишта се со назнака на доверливост, бидејќи содржат технологии на работа и структури на управување, а со тоа и потреба за заштита од конкуренцијата. Но, претставници од Владата и членови на Комитетот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10-д, ќе ги презентираат документацијата и деталите од Договорот за изградба на овие два коридора, во соодветна собраниска процедура, односно, како што е предвидено согласно законот, пред сите пратеници од Собранието на Република Северна Македонија, кои поседуваат соодветен безбедносен сертификат, соопшти ЈПДП.
На американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ му се одобрени 15 милијарди денари односно 243 милиони евра за проектот за коридорите 8 и 10д, средства што се предвидени со буџетот на Мини
По реакциите на опозицијата дека договорот со „Бехтел и Енка“ се држи во тајност, од Владата во петокот најавија дека владини претставници и членови на Комитетот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10 –д ,вклучени во овој најголем инфраструктурен проект, ќе ја презентираат документацијата и деталите од Договорот за изградба на овие два коридора, во соодветна собраниска процедура.
Целта е, пратениците да се запознаат со содржината и сите детали од Договорот за изградба на двата коридора, кои се од нивни интерес. Презентацијата на Договорот, ќе биде спроведена пред сите пратеници од Собранието на Република Северна Македонија кои поседуваат соодветен безбедносен сертификат, информираа од Владата.
Проектот со „Бехтел и Енка“ е во вредност од над 1,3 милијарди евра, а дополнителни 300 милиони евра според првичните проценки ќе чини експрпријацијата.  За годинава веќе се одобрени 243 милиони евра преку Буџетот на Министерството за транспорт и врски. Предвидена е изградба на автопатските делници: Требеништа – Струга – Ќафасан (22,5 километри) Гостивар – Букојчани (30,1  километар), Тетово – Гостивар ( 27  километри)  на Коридорит 8 и делницата Прилеп – Битола (43,4 километри) од Коридорот 10- д.  Според најавите, годишно ќе се градат просечно по 25 километри, а километар ќе чини 12 милиони евра.

Back to top button
Close