Од МВР појаснуваат зошто двапати во различно време е пријавено исчезнувањето на Вања

На 27-ми ноември 2023 година во 11 часот во ПС за општа надлежност Центар од страна на таткото е пријавено дека на 27.11.2023 година околу 7.27 часот неговата малолетна ќерка веќе излегла од станот и се упатила до ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, изјави вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во врска со случајот со 14-годишната Вања Ѓорчевска, која веќе шест дена не е пронајдена.

Неговата изјава предизвика збунетост кај јавноста, бидејќи официјалното соопштение од МВР по повод исчезнувањето на девојчето, објавено пред пет дена, гласеше дека мајката била таа која го пријавила исчезнувањето, и тоа во 8.35 часот.

Мајката, исто така и за „Фокус“ потврди дека таа го пријавила исчезнувањето, веднаш откако класната раководителка и јавила дека Вања не дошла на првиот час.

Кој и кога всушност го пријавил исчезнувањето на девојчето, и зошто се појавија две верзии околу пријавувањето, за „Фокус“ појаснуваат од министерството.

-Мајката на девојчето го пријавила исчезнувањето во 8.35 часот на 27-ми ноември, на телефонскиот број за итни повици, 112. Потоа пријавата е проследена до надлежните институции. Таткото пак, официјално го пријавил исчезнувањето во 11 часот, истиот ден, во полициска станица, соопштија од МВР.

Фокус

Back to top button
Close