Од понеделник приватните превозници нема да возат низ улиците на Скопје

Наместо по скопските улици, во понеделник, кога започнува школската година, приватните автобуси ќе останат паркирани. Се воведува редуциран сообраќај.

Како што едногласно одлучиле, приватните превозници ќе сообраќаат на една линија само по еден автобус и тоа еднаш во денот, наутро или навечер.

За Телма велат дека нивните возила ќе одат од прва до последна станица и назад, а потоа се исклучуваат. Што значи дека според зимскиот возен ред ќе недостасуваат 150 автобуси.

Оваа одлука следи откако од ЈСП не добија позитивен одговор за исплата на нивниот долг, ниту за покачување на цената по километар.

Бидејќи на седницата на Град Скопје не помина одлуката за потребата од набавка на нови еко автобуси, директорот на ЈСП, Драги Кушовски рече дека ќе се обиде да бидат поправени околу 40 автобуси кои би биле пуштени во сообраќај, што е далеку зад бројката од 150, кои недостасуваат.

 

Back to top button
Close