Од Стариот мост во Мостар скокнал Швајцарецот Лука Бонт – познат по опасни скокови (видео)
Од Стариот мост во Мостар скокнал Швајцарецот Лука Бонт, кој е познат по скокање од големи височини и објаввање на таквите потфати на социјалните мрежи.

Овој скок предизвика внимание кај јавноста, најмногу затоа што имаше незгодна последица. Па, така, откако Бонт скокна во близина на гумен чамец што поминуваше по Неретва, беше нападнат од мештаните, кои сметаа дека скокот што го извел, бил премногу ризичен за него и за оние во чамецот.
Бонт на Инстаграм изјави дека не му е јасно зошто бил нападнат, но се пошегува дека сега е познат во Босна и Херцеговина.