Од вечерва промена на времето со дожд и снег, преодно стабилизирање в четврток

– Од вечерва се најавува дестабилизација на времето со врнежи кои ќе бидат пообилни во западните делови од државата, каде се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег каде снежната покривка ќе се зголеми, а поради силниот ветер можна и појава на снежни наноси.

Врнежи ќе има и во текот на утрешниот ден кога во попладневните часови се очекува снег и на повеќето пониски места, но тие ќе слабеат по интензитет. Од утре попладне и в среда ќе дува силен северен ветер што ќе услови нагло опаѓање на температурите. Поради силниот ветер можна е повторно појава на снежни наноси.

В среда на места се уште ќе провејува снег, а в четврток ќе настапи преодна стабилизација на времето.

Back to top button
Close