Од затворски казни до прекршочни глоба – што може да им следува за креаторите на паника за скопската вода

Шпекулациите за наводно присуство на опасната бактерија Escherichia coli во скопскиот водовод, кои брзо се раширија преку приватни пораки и социјални мрежи, за кратко време предизвикаа масовна паника меѓу граѓаните и стопанството. Иако официјалниот лабораториски извештај бр. 6637 на Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје потврди нула присуство на штетни бактерии, со што беше демантирана небезбедноста на водата, отворено останува прашањето за правната одговорност на оние кои ја креираа и ширеа оваа дезинформација.

Водата за пиење претставува критичен егзистенцијален ресурс од национален интерес. Намерното пласирање невистини кои предизвикуваат општа несигурност и купување залихи вода подлежи на строга законска одговорност. Полицијата веќе повика повеќе лица на информативен разговор, а Јавното обвинителство ја следи ситуацијата по допрен глас.

 

Дилемите за можна кривична или прекршочна одговорност не се случајни, особено имајќи ги предвид зачестените информации, прес-конференции и јавни коментари по социјалните мрежи за неквалитетна вода за пиење во повеќе места во државата и особено по едпидемијата во Гостивар по можни незаконски интервнеции во градскиот водовод со фекални води.

 

Казни затвор за предизвикување паника?

 

Според Кривичниот законик креатори на лажните поврзани со болест и оние кои свесно ги пласираат во јавноста можат да сноса кривична одговорност,

 

Така, во членот 205 од Кривичниот законик, став 5 пишува: Тој што ќе ја загрози сигурноста на друг со лажна закана за пренесување или со ширење на невистинити тврдења за постоење на неизлечлива заразна болест ќе се казни со парична казна или затвор до шест месеци.

Овој член често беше користен за време на корона пандемијата.

Така на пример, на 11 март 2020 година, МВР кое беше задолжено од страна на Владата да ја следи состојбата и да предупреди дека ќе има санкциии кон несовесните или оние што шират невистини и дезинформации, т.е. лажни вести, соопшти:

 

„МВР постапи по заклучокот на Владата и го објави следното соопштение:

 

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните – корисници на социјалните мрежи да не споделуват и шират непроверени односно „лажни“ вести околу вирусот Ковид 19, со кои се создава вознемиреност и паника меѓу граѓаните. Лажните вести кои создаваат неоснована паника имаат долгосежни последици и врз општествената состојба, но и врз колективното здравје на граѓаните. Ваквите злоупотреби ќе бидат законски санкционирани затоа што на овој начин се вознемируваат граѓаните и се создава непотребна паника. Нема да има компромис во санкционирањето на оние кои свесно шират лажни вести. Апелираме до медиумите и корисниците на социјалните мрежи да се повикуваат единствено на официјално објавените податоци од надлежните институции.“

 

Нема податоци што од ова беше прифатено од ЈО, но состојбата воопшто не е наивна.

 

Она што е битно во последниот случај со наводната ешерихија во скопската вода за примена на овој член треба да се докаже дека свесно е ширењето на лажна вест со цел да предизвика несигурност и да се покаже колку ешерихијата може да биде опасна, а оваа бактерија според последните податоци станува се понеизлечива и резистентна на антибиотици. Но, таа не создава неизлечива болест иако и Ковидот не беше неизлечива па овој член беше ползуван. Понетата е дека ако само во еден случај се покажало дека ешерихија коли може да биде неизлечива, тогаш, примена на членот доаѓа в редвид.

 

Доколку истрагата утврди пак, дека дезинформациите потекнуваат од вработени во градските власти или јавните претпријатија кои ја искористиле својата позиција за пласирање непроверени информации, доаѓа во предвид и дополнителна кривична одговорност по фамозниот член 353 за злоупотреба на должноста каде казните исто така се затворски.

 

Прекршочна одговорност: Лажна тревога и нарушување на јавниот ред

 

Кривичната одговорност иако теоретски можна, сепак реално ќе биде помалку веројатна. Затоа пак, Законот за прекршоци нуди полесно да биде утврдена одговорноста.

 

Покрај кривичниот прогон, Законот за прекршоците против јавниот ред и мир предвидува санкции за секое лажно алармирање на јавноста кое го нарушува редовниот животен ритам, со тоа што прекршочната одговорност ја исклучува кривичната, бидејќи не е можно за исто дело да се гони и прекршочна и кривично.

 

Закон за прекршоците против јавниот ред и мир. Самата дефиниција дадена во член 2 од овој Закон вели дека за прекршок би одговарал секој кој со своето однесување или постапка го нарушува мирот, работата или вообичаениот начин на живеење ги омаловажува, понижува и навредува граѓаните, на јавно место ја загрозува нивната безбедност или создава несигурност, го оневозможува непреченото движење на граѓаните на јавни места или го нарушува остварувањето на нивните права и обврски, ја попречува работата и извршувањето на надлежностите на државните органи и други институции кои вршат јавни овластувања, или вршењето на дејностите на правните лица или на друг начин го нарушува јавниот ред и мир.

Целата ситуација во контекст на хибридни закани пак, може да добие и многу посериозни правни последици со поголема кривична одговорност.

Back to top button
Close