Одбраната не може да ги најде снимките со кои сакаше да докаже дека Палчо во критичниот момент бил во банка, а не дека ја убил Вања

Еден час одбраната на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо не може да ја најде снимката која денеска требаше да ја презентираат како доказ, откако претходно студот го прифати нивното барање.

Одбраната на Палевски рече дека во списите на предметот и цд-њата не се наоѓа видео записот кој сакале да го презентираат. И дека тие немаат софтвер за преглед на тие камери.

„Станува збор за видео запис од камера на сејфт сити од ден 22.11.2023 година, камера 67, Нов мост Железничка странца. Снимката трае 15 минути“, рекоа од одбраната на Палевски.

Потоа судијата укажа дека сите докази од предметот се во списите и одбраната може доколку сака да изврши увид во списите.

Судијата се произнесе и за така наречените „Пријави од мене докази“, кои одбраната на Палевски ги доставил до судот, но подоцна одбраната одлучи да повлече дел од тие докази.

Предметот се наоѓа во доказна постапка, а од следната недела ќе треба да се произнесат и самите обвинети кои на почетокот на судскиот процес рекоа дека не се чувствуваат за виновни

Извор: тв21

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close