Одеса под напад на руски дронови


Три лица се повредени во денешниот руски напад со дронови врз Одеса. Во градот прекинато е снабдувањето со електрична енергија, што укажува на можно оштетување на енергетската инфраструктура.

Нападот предизвикал големи пожари на цивилната инфраструктура, на комерцијалните објекти и возила. Над 20 пожарникарски возила и повеќе од 70 луѓе ги гаснеа пожарите.

Нападот се случи непосредно пред чешкиот претседател Петер Павел утрово да ја посети Одеса.

Во меѓувреме, Русија ја обвини Украина за кршење на договорот за прекин на огнот поради нападот врз постројката за гас во регионот Курск. Украина ги отфрла обвинувањата.

Back to top button
Close