Одисеј во Македонија?!
Mерсел Биљали
Во национална библиотека студент прашува вработен: Ве молам, каде може да ја најдам книгата „Македонија во ЕУ“? А тоа ќе треба да барате во делот „Бајки за деца“ – возврати библиотекарот!
Процесот на интеграцијата на Македонија во ЕУ нѝ е претворено во несреќна одисејада. По наша свесна вина, најважните процеси нè заобиколија како да имаме шуга! Имено, приклучувањето на Македонија на ЕУ е на агендата уште од 22 март 2004 година, кога е поднесена апликацијата за прием во Унијата, a на 17 декември 2005 година, Европскиот совет нѝ додели статус на кандидат за членство во ЕУ. Следејќи го примерот на сите земји членки кои го поминале тој пат по доделувањето кандидатски статус, државите брзо ги започнале преговорите за приклучување. И ние, по редоследот на нештата, требаше да ги започнеме преговорите уште во 2006 година. Но, не секогаш ѓаволот доаѓа со страшни крвави заби и опасна стрела, туку со сè што ни душа посакува. Со помош на бројни таленти за глорификација на глупости работите тргнаа по лош пат. Имено, таа година кај нас беа одржани парламентарни избори. Победи ВМРО која тешко ја порази Македонија. Скапо нè чинел евтиниот популизам на Груевски, поплочен со фолклорен антички патриотизам. Високи споменици беа подигнати за да се понижат луѓето Бил донесен и Букефал, кој многу наликувал на Тројански коњ, и така целиот наш преговарачки процес беше покриен со Букефаловиот измет!
За жал беше погазена и поддршката од САД, која тогаш јавно и официално ја призна државата со името „Македонија“, како поддршка на политиката на премиерот Бучковски. Имено, претходно под силен американски притисок, Грција се согласи да не го блокира македонскиот преговорачки процес со НАТО и ЕУ. Се очекуваше дека во 2008 година ќе станеме членка на НАТО, а во 2010 на ЕУ. За жал, ВМРО ДПМНЕ со Груевски на чело и неговиот крајно самоубивствен популизам, попратен со кич антиквизацијата, државата ја претворивме во смрдлива мочвара. Оттогаш, судбината на интеграциските процеси на Македонија се претвори во драматична одисејада. Нашиот евро-атлантски брод остана закотвен на напуштено пристаниште, цели 20 години. Уште и ден денес ние го чекаме Годо! Наликувавме на она британска приказна за „Човекот магла“ на врвот Бен Мегдуи кај планината Кернгормс! Продолжуваме и понатаму да тераме инает со иднина, прегрнувајќи го минатото, иако никој се нема вратено за да живее во минатото!
Меѓувреме, многушто е сменето во глобалната и регионалната геополитика. Низ историјата знаеме дека мирот никогаш не умрел по природен пат. А Македонија и регионот како целина никој веќе не ги штити, освен некоја случајна среќа. Ама и таквата среќе тешко доаѓа сама по себе! А ние сега ја бараме како бабата очилата. Бевме надминати од сите околни земји што беа далеку зад нас. Првин, од трите балтичките држави, Полска, Чешка Словачка, Унгарија, па дури и од Бгарија и Романија кои тогаш наликувале на распаднати држави! Сега далеку пред нас, со брз темпо кон Брисел трчаат и Црна Гора и Албанија. Во блиска иднина веројатно и БиХ и Косово. Често се случува „големи патриоти“ да испорачуваат големи порази. Буквално од Македонија тие направија најслаба држава во Европа. Од регионални „Американци“ се претворивме во глобални „Авганистанци“! Познато е дека до успехот се стаса со макотрно ползење, но до пропаста се стасува со лесно лизгање! Дури и ѓаволите си заминаа оттука, оти знаат дека самите ние ќе го изградиме пеколот. Глупо е да се сопнеш на истиот камен двапати, а нам таквото сопнење ни се претвори во националесн спорт.
Националисти – убијци на
иднината на својот народ
Дури и по 35 години лошо искуство, едни партии не престанаа да дејствуваат според пеколната логика – да се добие власт и по цена на губење на државата. Се чини дека и умот на претседателката Силјановска е сè уште зафатен со изминатата изборна кампања. По медиуми се однесува како да е во предавална сала. Таа е претседател за дa решава проблеми, а не за да создава нови. Зборува за мед и млеко, а ние добиваме лук и вода! Таа треба да отвори сигурен пат низ кој треба да се движиме сите ние со се владата која и самата продолжува да живее во изборна кампања. Наместо да објаснува што треба да се прави, таа изнаоѓа причини зошто тоа не треба да се прави. Па власта е за да прави, а не за да најде причини со цел ненаправење. Треба да знаат дека само државниците пишуваат историја, а другите ќе се вртат околу зоологијата. Такви патриотизми се опасни куршуми во срцето на државата. Никој од власта не сме да предава теорија, туку да решава практични проблеми. Секој ден во земјата има сè помалку млади луѓе, а училиштата ни се повеќе празни. Млади ни бегаат на сите страни, оти знаат дека насекаде на друго место по светот ќе им биде подобро отколку во нивна татковина! Дометот на овдешната политика е задовољување рурал-патриоти „уз пиво“ седнати на гајбе пред селска продавница.
Успешната власт 90 % треба да биде фокусирана кон економскиот развој, има кажано таткото на еконосмкиот развој на Словенија – Милан Кучан. Во богатата Швајцарија ниту еден метар квадрат земјоделско земјиште не сме да остане необработено. Во Израел се носи земја од насекаде за да покрие полупустината која веднаш се претворува во квалитетна плантажа. Други бројни земји прошируваат морски брег за таа цел. Ако се сака развој, секој метар на земјиштето треба стручно да биде искористено, вели Милтон Фриедман, кој од Чиле направи чудо. А била меѓу најсиромашните земји на светот. Боцвана, дури и огромната пустина Калахари ја адапртирал за индустриски развој. Имено, пред 35 години таа држава била најнеразвиена на планетата, со само 69 долари БДП по глава на жител. Сега стаса до фантастични 14.400 долари БДП по глава на жител. Во фаза на економски бум се и повеќе други африкански даржави – Намибија, Ангола, Танзанија, Мозамбик, па дури и една Етиопија која е позната по умирањето од глад, Кинеските експерти велат дека во големината на територијата на Македонија би издржале над 30 милиони жители со многу повисок стандард.
Која клетва, не има фатено нас?! Имам многу плодно земјиште а милјарда авра даваме за увоз на храна. Кога земјоделието би го организирале како Холандија, Македонија би извевезувала храна во вредност од над 17 милјарди евра годишно. Ни ние се храниме со омраза. Омразата што овде се шири од неспособни политичари се претворува во силна клетва. Со години продуцираме двојно негативен ментален склоп – „човек без пари“ или „пари без човек“. Затоа сме пример на единствена земја на цел свет која не знае што е економски развој. Тоа се гледа по образование, по здравство, по замјоделството, по индустријата. Ама барем сме „големи патриоти„! Ајнштајн вели – „Оној што никогаш не направил грешка, никогаш не се обидел да направи нешто“. ВМРО, за жал 35 години ниеднаш нема донесено тешка државничка одлука! Барем по грешка тоа да го правеше! Предавство не е изнаоѓењето решенија за проблемите, туку проблематизирање на секое можно решение.
Албанија има многу посериозен спор со Грција околу територијалните води, но тие се согласија истиот да го однесат пред Меѓународниот суд на правото на морето со седиште во Хамбург, чија одлука ќе биде обврзувачка за двете страни. Дури и најбавните штом имаат една цел пред себе, се побрзи од најбрзите без цел. Албанија е пример за ова. Докажано е дека најголемиот ризик во животот е да не ризикувате ништо.
Велат дека времето се забрзува кон крајот. Исто така, велат дека важните настани што некогаш траеле со векови, потоа децении, па години, на крајот почнуваат да се случуваат ден по ден. Така велат оние кои веруваат во апокалипсата и крајот на сите денови. Да даде Господ барем и ние да се качиме на опашката на таквиот времеплов. Барем ќе можевме да разбереме дека кога се прави држава ако не си националист тогаш можеби немаш срце, но ако остануваш таков и по 35 години држава, тогаш немаш мозок. Одисеј, долги години талкал по морињата, низ многу предизвици и војни, ама барем тој не ја носел со себе и својата Итака!