Веле вели ем говори, лажги со опашки
Најпрво другар Веле, да ти кажам дека никаде не спомнав збор македонска филхармонија. Зборував за музика и менталитет. Воопшто не за филхармонијата како институција, ниту за нивната работа.

Околу мојата работа во Кицот во Тирана, ти Веле немаш појма што кажуваш. Лажеш Веле, лажеш. И тоа на еден гнасен начин што си го запамтил од комунистичкото време. Можеби тогаш си пишувал извештаи и нарачани текстови за Удба, па ти останало тоа во навика. Никогаш ти не си бил во Кицот во Тирана, ниту имаш појма што јас таму работев. Веле, јас сум бил во Албаниа, ,,персона нон грата? Хаха Веле па ти си полн со хумор хаха Се надевам дека наскоро ке бидеш изненаден од албанската влада. Во продолжение лажго Веле, еве приказ само на мал дел од настаните што таму сум ги направил. Веле, денес е 2025 та година, комунизмот е одамна завршен. Ти си го запаматил, оти тогаш живееше ко бубрег во лој. Не би зборувал за бугарското знаме оти ке треба да те соочам со едни други работи, па ке те боли глава. Нема потреба. Поздрав Веле од топлата Тирана.
На 15 април 2022 се случи отворање на изложбата од почитуваниот артист, господинот Зоран Кардула, заедно со неговиот гостин, Dj Uzun Baba.
На 11 мај 2022 се случи, промоција на книгата од писателот и дипломат, Јордан Плевнеш која е преведена на албански јазик, ,,Осмото светско чудо,,
На 6 јуни 2022, настапи групата Љубојна, на отворен простор во центарот на Тирана,
На 13 јуни 2022 во организација и со финансиски средства од општина Тирана, се одржа голем концерт на двајца композитори, Fatos Qerimaj и Ориѓански, изведена од симфонискиот оркестар ,,Hybrid simphony,, составен со музичари од Атина, Тирана и Приштина.
На 18 јуни 2022 во салата ,,Тонин Харапи,, во Тирана настапи македонскиот виртуоз со своето трио, Влатко Стефановски. Овој настан беше во состав на фестивалот ,,Albania guitar festival,,
Истата вечер веднаш после завршувањето на концертот од Влатко Стефановски, нашиот Киц во Тирана доби значајно признание од градот, подарувајки на директорот Златко Ориѓански, една стаклена саат кула, (симбол на Тирана) признание кое се доделува на луѓе што ке направат нешто добро и убаво за нивниот град.
На 30 јуни 2022 настапија ,,WOODWIND QUINTET PHIL-harmonic FIVE од Скопје
На 13 октомври 2022 настапи младата пијанистка Ивана Мазнејкова претставувајки се со дела од Цезар Франк
На 30 октомври 2022 се префрливме во градот Корча, каде организирав ,,Три дена македонска култура,, Првиот ден имаше бесплатни часови по македонски јазик, вечерта се случи отворање на изложба од Зоран Кардула и настап на блуз бендот ,,In the mood,,
Kонцерт на хорот Менада од Тетово и веднаш после концертот, благодарејки на македонската кинотека, направивме проекција на филмот ,,Медена земја,,
Kомпанијата Original од Тирана која се бави со продажба на Camel цигари, го помогна концертот на Влатко Стефановски со 2.000 еура. Сето ова значеше помагање на нашиот скромен буџет во Киц Тирана, со вкупна вредност од 3.500 евра.
10 мај 2023, ТРИУМФ НА БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР ВО ТИРАНА !!! Пред повеке од 800 луѓе, после 30 години за првпат претстава на македонски јазик (титлуван превод на албански) беше прикажана претставата ,,Артуро Уи,, во режија на нашиот Qendrim Rijani.
18. Мај 2023, концерт на битолската група Фолтин,
– 12 мај 2024, НАСТАП НА новоформираниот ,,НАЦИОНАЛЕН ЏЕЗ ОРКЕСТАР, на фестивалот Albania jazz fest 2024.
– 23 мај 2024, Дориан и Добрила дуо, настап на ,,Clouds,, festival,
– 03 мај 2024 – гостување на Албанскиот театар од Скопје со претставата ,,Диво месо,, текст на Горан Стефановски во режија на Мартин Кочоски. (место на случување, познатиот тирански театар ,,АРТурбина,,
16 ти мај 2024, Џамбо Агушеви оркестар. (11 музичари) Голем целовечерен концерт одржан во центарот на Тирана, фестивал ,,Clouds,, отворен простор.

Златко Ориѓански





