Затворени избирачките места во Бугарија, слаб одѕив на претседателските избори

Во Бугарија се затворени избирачките места на кои граѓаните на  претседателски избори можеа да гласаат за шеф на државата.

Изборниот ден измина со слаба излезеност. Според последните податоци на Централната изборна комисија, одѕивот до 16 часот бил 16,04 проценти. Се проценува дека излезеноста на крајот ќе биде околу 20 проценти
На претходните избори за претседател во 2021 година одѕивот на гласачите во овој период бил 24,12 проценти.

Избирачките места се отворија во 7 часот по локално време, а гласањето  заврши во 20 часот по бугарско време.

Право на глас имаа 6,59 милиони граѓани, кои можеа да се изјаснат за рекордни 27 кандидатски двојки за претседател и потпретседател на државата.

Меѓу најистакнатите кандидатски двојки се актуелната претседателка Илијана Јотова со кандидатот за потпретседател Кирил Валчев, Андреј Ѓуров и Георги Кандев, како и Костадин Костадинов и Петар Волгин, Радослав Василев и Красимир Манов, Иван Христанов и Стојанка Черкезова…

Првите резултати од излезните анкети се очекуваат вечерва по 20 часот, а официјалните резултати од првиот круг Централната изборна комисија (ЦИК) треба да ги објави до 27 октомври.

Доколку денеска не бидат избрани претседател и потпретседател, повторно ќе се гласа на 1 ноември, а во вториот круг ќе одат двата кандидатски пара кои освоиле најголем број гласови.

Back to top button
Close