Одложен концертот на руски романси во Скопје

Министерството за култура информира дека концертот на руски романси, најавен за вечерва во фоајето на НОБ, во договор со организаторот се одложува.

-Последните вести од Украина го загрижуваат целото човештво. За никого ова не е време за романси. И уметноста е порака, затоа никој не смее да дозволи таа да биде извалкана. Убавите романси нека останат за подобри времиња, времиња во кои повторно ќе владее мирот, нема да има жртви и никој нема да се чувствува загрозен или под закана, соопштија од ресорното министерство.

Неодамна од Руската амбасада во Скопје соопштија дека за денес е закажан концертот на руски романси.

Back to top button
Close