Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Натпреварот од 18. коло во кошаркарската Евролига меѓу Милано и Алба е одложен поради неколку случаи на коронавирус во редовите на италијанскиот тим, соопшти раководството на натпреварувањето.

Дуелот требаше да се одигра на 29. декември, а ова е втор натпревар во серија на Милано што е одложен.

Претходно беше одложен и дуелот меѓу Жалгирис и Милано, што требаше да се одигра на 22 декември.

Италијанскиот тим побара одложување бидејќи нема на располагање најмалку осум здрави кошаркари, кои би можеле да настапат.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close