Одложен воведниот митинг од Дијамантската лига во Катар

Атлетскиот митинг од Дијамантската лига што идниот месец требаше да се одржи во Катар е одложен и би се одржал во јуни „доколку условите дозволат“, поради безбедносните околности и неизвесноста предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток, објавија денеска организаторите.
Митингот во Доха, со кој на 8 мај требаше да биде отворена новата сезона во елитната атлетска серија на 8 мај, сега е поместен за 19 јуни. Новата сезоната официјално ќе стартува на 16 мај со атлетскиот митинг во Шангај.
Организаторите изјавија дека одлуката е донесена по консултации со локалните власти и надлежните институции.
„Во интерес на безбедноста на спортистите и гледачите, донесена е одлука за одложување на собирот. Доколку условите дозволат, митингот ќе се одржи на 19 јуни“, се вели во соопштението на Дијамантската лига.






