Одложено рочиште во „Титаник 2“ поради отсуство на Мијалков. Делото застарува за 4 месеци

Денешното рочиште во рамки на предметот „Титаник 2“ не се одржа поради отсуство на обвинет кој не бил спроведен од затворот во Струга.

Станува збор за поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, кој е обвинет во овој предмет за изборни нерегуларности, а моментално одлежува затворска казна во затворот во Струга, откако склучи спогодба со обвинителството во случајот „Империја“.

Според ФОКУС судиите се јавиле во струшкиот затвор, а од таму рекле дека немале наредба за спровод, иако судот има повратница дека е примена на наредбата во затвор на 14-ти месецов.

.Но, судиите имаат повратница дека наредбата била примена уште пред осум дена, на 14.12.2022 година“, велат од Коалиција „Сите за правично судење“, кои таму беа присутни рано утринава.

Инаку, во „Титаник 2“ Мијалков е обвинет заедно со лидерот на ДПА и пратеник Мендух Тачи и неколку членови на Државната изборна комисија, кои беа првостепено осудени на затворски казни.

Меѓутоа, повисокиот апелациски суд ги укина пресудите за договарање за гласање во ДИК во врска со приговор на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2013 година и предметот го врати на повторно судење.

Back to top button
Close