ОИ 2024: Македонското знаме развеано на реката Сена

Македонската спортска експедиција беше претставена на вечерашното спектакуларно отворање на Олимписките игри во Париз.

Организаторите се решија за невообичаен потег, па отворањето се одржа на реката Сена, каде делегациите на земјите-учеснички на бродови продефилираа низ француската престолнина пред спортските фанови што го следеа овој спектакл.

Македонскиот екипаж брои шест спортисти, плус нивните тренери, а знамето го развиорија Дарио Ивановски и Мила Рељиќ.

Со нас на бродот беа и малубројните експедиции на Луксембург и Мадагаскар

Back to top button
Close