Јокиќ испишува историја: Го надмина и Чембрлен

Никола Јокиќ го урна учинокот на Вилт Чембрлен, легендарниот кошаркар и со тоа стана вториот центар со најмногу асистенции во историјата на НБА лигата.

Денвер ја победи Минесота со 116:107 и со тоа го задржа првото место во Западната конференција.

Чембрлен застана на 4,643 асистенции, додека Јокиќ забележа седум асистенции против Минесота и со тоа се најде на втората позиција (4,650).

Пред Јокиќ сега е само Карим Абдул-Џабар, кој запиша 5,660 асистенции.

Back to top button
Close