Ѓоковиќ ќе ги плати трошоците на процесот и отштета од 500.000 долари

Откако заврши сагата на Новак Ѓоковиќ во Австралија, најавено е дека српскиот тенисер ќе ги сноси сите трошоци, а ќе треба да плати отштета од 500.000 долари. Исто така, Новак се соочува со тригодишна забрана за влез во земјата, но постои можност тоа да не се случи.

Тамошните медиуми пренесуваат дека тоа не значи дека за тоа време Ѓоковиќ ќе го нема на турнирот во Мелбурн, бидејќи има одредени околности во кои би можел да добие виза доколку тоа се околности кои се „во интерес на Австралија“. Како би се промениле тие интереси е нејасно по денешнава одлука.

 

 

Back to top button
Close