Ѓоковиќ: Емотивно тоа беше многу тежок период за мене последните 5-6 месеци

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по поразот во финалето на УС Опен од Русинот Даниел Медведев (4:6, 4:6, 4:6) рече дека е исцрпен на психолошки план.

-Емотивно, тоа беше многу тежок период за мене во последните 5-6 месеци. Грен слемот, Олимпијадата и домашниот турнир во Белград. Се натрупаа сите емоции што ги доживеав. Подготвувањето за овој турнир и сè со што морав да се соочам во последните неколку недели беше психолошки и емоционално тешко. Беше тешко да се справам со тоа. Мило ми е што, конечно, оваа трка заврши, изјави Ѓоковиќ за официјалната веб-страница на УС Опен.

Медведев ја освои четвртата титула во 2021 година, додека Ѓоковиќ не успеа да комплетира календарски Грен слем.

Back to top button
Close