Ѓоковиќ против Циципас во финалето на Мастерсот во Рим

 Со својата илјадита победа, совладувајќи го Норвежанецот Каспер Руд со 6:3, 6:4, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, се пласираше во финалето од Мастерсот во Рим.

Досега, бројката од 1000 победи во својата професионална кариера ја достигнале само четворица тенисери и тоа Џими Конорс (1274), Роџер Федерер (1251), Иван Лендл (1068) и Рафаел Надал (1051).

Противник на Ѓоковиќ во финалето од Мастерсот во Рим, закажано за денеска од 16 часот, ќе биде Гркот Стефанос Циципас, кој во полуфиналето го совлада Германецот Александар Зверев. Ова претставува деветта средба за двајцата тенисери. Србинот води со 6-2.

Настапот на завршниот меч на турнирот во Рим, ќе биде второ финале за Ѓоковиќ во 2022 година, по она во Белград пред три недели. Последно, Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос во 2021 година.

Back to top button
Close