Ѓоковиќ стана првиот тенисер со 400 победи на Грен слем турнирите

Со победата над Ботик ван де Зандшулп од Холандија во третото коло од Австралија Опен, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ стана првиот тенисер во историјата со 400 победи на грен слем турнирите.

На оваа вечна листа второпласиран е Рожер Федерер од Швајцарија со 369 победи, а трет е Шпанецот Рафаел Надал со 314.

Победата, исто така, донесе дополнително значење во Мелбурн, каде што Ѓоковиќ го изедначи рекордот на Федерер од 102 победи на Австралија опен.

По пласманот во осминафиналето, Ѓоковиќ на Австралија Опен ќе се сретне со чешкиот тенисер Јакуб Менсик, а дуелот е закажан за утре наутро по европско време.

Извор: racin.mk

Back to top button
Close