Ѓоковиќ вложува 300 милиони евра во комплекс со голф терени во Црна Гора

 Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ планира да купи големо земјиште во Будва за да изгради мега комплекс со голф терени, хотели и други содржини, објави црногорскиот весник „Вијести“.

Според истиот извор, српскиот тенисер планира да го реализира проектот со поддршка на инвестициски фонд од Обединетите Арапски Емирати, а вкупната инвестиција се проценува на над 300 милиони евра.

Ѓоковиќ, како што пишува „Вијести“ веќе ја посетил локацијата и остварил средби со менаџери и правни експерти при неговата посета на црногорскиот град на брегот на Јадранското море на крајот на јануари кога му беше врачена повелба за Почесен граѓанин на Будва.

Back to top button
Close