Ѓоковиќ загуби од Шпанецот Алкараз во полуфиналето на турнирот во Мадрид

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, го заврши настапот на турнирот во Мадрид, откако вечерва во полуфиналето загуби од Шпанецот Карлос Алкараз во три сета (7:6, 5:7 и 6:7).

Тенисерите на теренот минаа 3 часа и 38 минути. За тоа време, 34-годишниот Ѓоковиќ комплетираше осум асови, двапати погреши при сервисот и направи еден брејк. Деветнаесетгодишниот Алкараз четири пати сервираше ас, имаше исто толку двојни сервис грешки и искористи две шанси за брејк.

Вториот финалист ќе биде познат доцна вечер по одигрување н амечот Стефанос Циципас (Грција) – Александар Зверев (Германија).

Наградниот фонд на АТП Мутуа Мадрид опен турнир изнесува 7,75 милиони евра

Back to top button
Close