Омикронот се шири а светот се олабавува од мерките

 

Македонија останува на шестото место во светот по смртност на милион жители, во друштво на Црна Гора, Босна и Бугарија, која е на второто место после Перу. Светот има рекордни 3,4 милиони новозаразени за едно деноноќие, а над 10.000 луѓе починале. Од почетокот на пандемијата се заразиле 360 милиони, а 5,6 милиони починати, велат бројките од Светската здравствена организација.

Но, и покрај тоа што омикрон-сојот ги урива досегашните рекорди на заразеност некои европски земји навистина се „опуштаат“. Британија, Шпанија и Португалија веќе ги симнуваат маските и поголемите ковид-рестрикции, во надеж дека пролетниот бран ќе биде последен во кој „природниот“ имунитет ќе надвладее и вирусот ќе стане како обичен грип. Сепак, тоа се земји кои се приближуваат до посакуваната вакцинираност од 80 отсто, за разлика од Македонија каде процентот се движи околу 40 отсто.

Дури и Австрија реши да го укине локдаунот за невакцинираните, а Полска размислува за „нова стратегија“. Германија уште строго се бори со короната, а во Париз изби скандал во однос на тоа дали оние кои одбиваат вакцина треба да продолжат да добиваат државно здравство. Во срцето на Европа во Брисел, над 50.000 Белгијци протестираат против мерките. Насилство има и во Канада, каде камионџиите заедно со некои полицајци најавуваат големи демонстрации.

Што од мерките треба да биде укинато? Епидемиолозите имаат различни мислења. Сите велат дека доаѓа крајот, но не баш. Можно е да има нови соеви. Таков е и новиот БА. 2 кој веќе прошетал во над 40 земји.

А, еве како различните земји се справуваат со вирусот.

Back to top button
Close