Омразата кон ЛГБТИ лицата, управувањето во фудбалот, труењето на Алексеј Навални на зимската сесија на ПССЕ

Зимската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), се одржува во Стразбур, хибридно – со физичко и видео присуство на пратениците од 47 земји членки на Советот на Европа, додека новинарите поради актуелната здравствена ситуација со пандемијата се повикани да ја следат истата преку интернет, јави дописникот на МИА.

Сесијата започна со избор на нов претседател на ПССЕ, за што се поднесени две кандидатури – таа на Холанѓанецот Тини Кокс, од редовите на групата на обединетата европска левица и на Марја Мезенцева од Украина, од редовите на Европските народни партии.

По, изборот, за оваа недела предвидени се дебати за справување со оживувањето на омразата кон ЛГБТИ лицата во Европа и наводните прекршувања на нивните права во Јужен Кавказ, за управувањето со фудбалот – бизнисот и вредностите – со интервенција на Џовани Инфантино, претседател на ФИФА, како и труењето на Алексеј Навални и улогата на медиумите во време на криза.

На 27 јануари, со посебен настан ќе се одбележи Меѓународниот ден на комеморацијата во спомен на жртвите на холокаустот, со особено учество на Жан-Мишел Бланкер, францускиот министер за национално образование, млади и спорт, како и говори и видео пораки од преживеани. Настанот ќе биде проследен со дебата за Опсерваторијата за настава по историја во Европа.

Освен тоа, пред парламентарците ќе се обрати и претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ. Понатаму, Собранието ќе одржи редовна размена на мислења со италијанското претседателство со Комитетот на министрите. Генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, исто така ќе им се обрати на парламентарците.

На дневен ред се и дебатите за Пактот на ЕУ за миграција и азил од перспектива на човековите права, правата на детето во смисла на демократско учество и акција за промена на промените, насилните исчезнувања на територијата на Советот на Европа и функционирањето на демократските институции во Ерменија.

Back to top button
Close