Онлајн предавање и разговор со Лорен Берлан на Skopje Pride Weekend

Основниот кураторски субјект на овогодишното издание на Фестивалот е Суров оптимизам, со што се оддава почит на продуктивните начини на обмислување, естетиката и политичката критика воведени преку делото на Лорен Берлан за суров оптимизам (2011).

Односот на суровиот оптимизам се јавува кога она што го посакуваме, всушност, претставува пречка кон нашиот просперитет. Преку нови смели начини на согледување на сегашноста, Лорен Берлан пишува за суровиот оптимизам присутен од 1980-тите години како за социјално-демократско ветување од повоениот период, повлечено од САД и Европа.

Луѓето сепак останаа приврзани кон недостижните фантазии за добриот живот – за ветувањата за нагорна мобилност, постојано работно место, политичка и социјална еднаквост, и долготрајна интимност – и покрај доказите дека не можеме повеќе да се потпреме на либерално-капиталистичките општества и да очекуваме од нив да ни обезбедат можности за значаен и исполнет живот.

Во „Суров оптимизам“ (2011) Берлан аргументира дека историската сегашност се перципира на афектен начин пред да биде разбрана поинаку, при што ги лоцира афективните и естетски реакции на драматичното приспособување при дискусии за прекаритет, контингентност и кризи. Таа предлага дека нашата оптегната сегашност се одликува со нови модуси на темпоралност, при што објаснува зошто теоријата на траумата – фокусирајќи се на реакциите на исклучителни настани кои го уништуваат вообичаеното на парчиња – не е корисна при толкувања за тоа како луѓето се приспособуваат со текот на времето, откако самата криза ќе стане вообичаена. Суров оптимизам е исклучителна афективна историја на сегашноста.

Back to top button
Close