Опасен е патот кон Теферич – Сопиште повикува да се користат алтернативните
Градоначалникот на Општина Сопиште, Стефче Трпковски, на неговиот фејсбук профил испрати апел до граѓаните да не го користат патот преку Теферич, бидејќи истиот не е безбеден за сообраќај.

„Ве информираме дека поради новонастанатата ситуација на патот кон Теферич, кој тоне и на дел од конструкцијата на патот се појавени распукнатини, истиот е затворен за сообраќај од безбедносни причини до остранување на проблемот.
За Ваша безбедност, Ве замолуваме да ги користите другите алтернативни патишта“, се вели во апелот од општината.
Со иста препорака излегоа и од Општина Кисела Вода:
„Сакаме да ве информираме дека поради новонастанатата ситуација на патот кон Теферич (ул. “Мариовска”), каде истиот тоне и на дел од конструкцијата на патот се појавени распукнатини, тој е затворен за сообраќај, од безбедносни причини до отстранување на проблемот. Ги замолуваме граѓаните за трпение и за користење на алтернативни патишта се до изнаоѓање на решение за надминување на оваа ситуација“, информираа општинските власти.