Опожарен автомобил на обвинителка од Скопското обвинителство

Во текот на ноќта засега непознати сторители опожариле автомобил на  обвинителка  од Основното јавно обвинителство Скопје. Интензивно се преземаат дејствија за откривање на сторителите и се обезбедуваат сите докази на терен, соопшти Јавното обвинителство.

Првичните индиции, како што велат од Обвинителството, упатуваат на можна поврзаност со фактот што јавниот обвинител постапува во два сензитивни предмети во кои во моментов интензивно презема истражни дејствија.

Истражните органи работат на расчистување на настанот и на целосно утврдување на причините.

Back to top button
Close