Општина Струмица и официјално се откажува од членството во ЗЕЛС – Костадинов ќе поднесе оставка од функцијата во Управниот одбор

Општина Струмица од денеска се откажува од членството во Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Одлуката е донесена во знак на револт поради индиферентниот однос во периодот кога струмичани се соочуваат со забрана за водата за пиење, како и по одбивањето од Владата за реализација на единствениот пријавен проект од оваа општина со средства од унгарскиот кредит. Ова денеска на својот фејсбук-профил го објави струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов, посочувајќи дека истовремено ќе поднесе оставка и од функцијата член на Управниот одбор во ЗЕЛС.

Back to top button
Close