Ѓорѓевиќ се повлече од функцијата тренер на Фенербахче

Фенербахче го најави заминувањето на тренерот Александар Ѓорѓевиќ кој беше предводник на турскиот кошаркарски гигант од минатата година.

Под водство на српски стручњак, Фенербахче ја освои 10. шампионска титула во домашното првенство. Во финалето Фенербахче го победи актуелниот европски првак Анадолу Ефес.

Во својата кариеара, Ѓорѓевиќ претходно работеше во Виртус, Баерн, Панатинаикос, Бенетон, Милан и српската репрезентација. з

Back to top button
Close